Само еден од шесте штандови работи на градскиот плоштад
Само еден од шесте штандови работи на градскиот плоштад.
Во моментов од шесте штандови на плоштадот кои општината ги нуди за изнајмување работи само еден. Во него се продаваат рачно изработени сувенири. Стапивме во контакт со Локалната самоуправа и побаравме одговор каков бил интерeсот за изнајмување на овие типизирани објекти на кои за празниците е предвидено да се продаваат храна и пијалоци. Прашавме дали се изнајмени сите објекти или нема интерес за останатите пет штандови.
Од таму информираа дека се издадени пет штандови, а дозволите за работа продавачите ќе ги добијат в понеделник. Останува да се изнајми уште еден штанд за кој пројавила интерес позната наша винарија за продажба на варено вино.
Првичната идеја на Локалната самоуправа на овој простор на штандовите беше да се продаваат само храна и пијалоци, но по се изгледа првичната замисла претрпе измени. Така сега најавуваат дека на останатите штандови покрај тоа што ќе се продава кафе, чај и топли пијалоци сепак ќе се продаваат и ракотворби и сувенири.
Унифицираните тезги на плоштадот ќе бидат поставени се до 20 јануари 2014. Заинтересираните кои ги изнајмуваат штандовите од 5 м квадратни ќе издвојат 15.000,оо денари, а за 4м2, цената ќе биде 12.000,оо денари по објект. Во цената за изнајмување на локациите не се пресметани комуналната такса, одржувањето на хигиената и приклучокот на електрична енергија.
{loadposition content9}