Градоначалникот Бакрачески најави отчет за сработеното
Отчет на писмено во 10 000 примероци за сработеното во периодот од 8 и пол месеци, најави првиот човек на градот. Изминатиот период главна заложба на локалната како што кажа Бакрачески било враќање на наследените долгови, кон должниците кои ги има 155 на список со добро осмислена стратегија.
Граѓаните на Охрид заслужуваат да видат што работи градоначалникот. Констатацијата дека најголем дел од напорите на градоначалникот Никола Бакрачески во изминативе 8 и пол месеци била насочена кон враќање на долговите, односно наследениот товар од минатата Локална Самоуправа е точна, категоричен е Бакрачески. Додава дека сработиле многу, но признава дека секогаш може и подобро.
„Од тие причини како приоритет број 1 во изминатите 8 и пол месеци за мене како градоначалник беше репрограмирање на тие долгови, можности за договарање со компаниите и физичките лица на кои што општина Охрид им должи, можноста за повлекување на извршните решенија евентуално од блокирање сметката, сепак се работи за голема листа на правни субјекти и физички лица, 155 на број со кој што треба да спроведете преговори околу репрограмирање на тој долг евентуално исплаќање на рати откажување од камати или дел од основниот долг, тие се мошне сложени и комплексни преговори, но ние тоа го правиме не само да излеземе од тешката состојба меѓутоа да излеземе во пресрет на оние на кои општината им должи.
Решавањето на финансиската криза е суштинска работа од која произлегуваат ритамот и брзината на реализација на сите проекти и ветувања кои Локалната самоуправа ги даде пред грѓаните на Охрид, дециден е Бакрачески.
„Меѓутоа јас стојам на сето она што изминативе 8 и пол месеци го сработивме и од тие причини онака како што од првиот ден го наговестив ние ќе работиме отчетно и транспарентно граѓаните на Охрид го заслужуваат тоа и во таа насока ние ќе изработиме отчет во 10 000 примероци кој ќе биде поделен на граѓаните на Охрид за да видат со аргументи и факти што се е сработено.“
Долгот на општина Охрид се намалува и тоа е динамичен процес кој од ден на ден е варијабилен, затоа што во исто време преговараме, склучуваме договори за повлекување на извршните решенија, вели Бакрачески. Но според него најважно е да се одблокира општинската сметка, што во многу зависи од добрата воља на должниците со кои ќе успеат да се договорат.
{loadposition content9}