Skip to main content

Земјата во која не се слави Нова Година

Верската полиција на ултраконзервативна Саудиска Арабија ги предупреди граѓаните да не ја прославуваат Новата година.

 |  Голабовски Крсте  | 
mlada mesecina
млада месечина

Верската полиција на ултраконзервативна Саудиска Арабија ги предупреди граѓаните да не ја прославуваат Новата година, а забраната ја образложиле со едикт на врховниот Комитет на верските поглавари, наведува саудискиот весник „Оказ“.

РијадЗа разлика од останатите држави во Заливот кои го прифатија Грегоријанскиот календар , Саудиска Арабија официјално го прифати муслиманскиот, пренесе „Франс прес“.

Верската полиција ги спроведува законите на кралството со кои е предвидена строга забрана на мешање помеѓу половите и прикривање на целото тело и главата на жените во јавноста.

Помеѓу останатото полицијата чиј што лидер од јануари 2012 година е имамот Абдулатиф бин Абдулазиз ал Шеик ги надгледува и продавниците за да се увери дека се затворени за време на молитвите.

{loadposition content9}