Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно
Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно.
Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот, д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди.
„Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати. Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“
На интерното одделение исто така завршиле 6 мина млади луѓе. Тие претерале во конзумирање на алкохолни пијалоци. Д-р Виолета Целеска напоменува дека најмладиот пациент донесен на нивното одделение кој бил под дејство на алкохол е малолетник роден 1996 година.
„ Минатата ноќ обемот на работа е вообичаено зголемен за овие празници. Сите пациенти што побарале медицинска помош им е пружена. Јавени се пациенти во алкохолизирана состојба, шест мина од 17 до 29 годишна возраст. Дадена им е инфузиона и витаминска терапија, и сите се пуштени дома во подобрена состојба.“
Охриѓани и гостите на новогодишната прослава биле умерени при конзумирање на мрсна храна и за среќа на двете одделенија немало интревенции при стомачни колики.
На територијата на Охрид не се регистрирани поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, стои во информациите на СВР. Ноќта поминала со две тепачки кои поминале без посериозни последици. Во првиот инцидент, вербална расправија меѓу двајца гости од Србија на бродот „Александрија“ преминала во физичка пресметка. Тепачка е регистрирана и на улицата „Јане Сандански“ во која било употребено и ладно оружје при што полесно е повреден еден охриѓанец.Во околината на Охрид, до утрово, за среќа не се регистрирани сообраќајни несреќи.
{loadposition content9}