Skip to main content

Штрајкуваат таксистите во Париз

Во знак на протест поради нелојалната конкуренција и зголемувањето на данокот на додадена вредност денеска околу 5.000 такси возачи во Париз, го запреа сообрќајот.

 |  Голабовски Крсте  | 
taksist
таксист

Во знак на протест поради нелојалната конкуренција и зголемувањето на данокот на додадена вредност денеска околу 5.000 такси возачи во Париз, го запреа сообрќајот.

taxistiПротестот започна од двата париски аеродроми „Орли“ и „Роаси“, од каде таксистите со своите возила тргнаа кон францускиот главен град во операција на забавување на сообраќајот наречена „Полжав“.

Таксистите протестираат на повик на петте нивни синдикати против „нелојалната“ конкуренција на автомобилите за изнајмување со возач, како и против зголемувањето на ДДВ од седум на 10 отсто, како и со барање за преговори за организирање на транспортот на болни.
Последица на нивниот протест е забавен сообраќај на пристапите и на кружниот автопат околку Париз и во самиот град.

{loadposition content9}