Skip to main content

Густата магла, причина за зголемен број на пациенти во Општата болница

Началникот на интерното одделение, д-р Сашо Василески потенцира дека маглата особено тешко ја доживуваат пациентите кои имаат хробнични белодробни заболувања.

 |  Мишел Наумоски  | 
magla
магла

Густата магла која го обви и нашиот град, покрај техничките потешкотии кои ги создаде околу функционирањето на воздушниот и патничкиот сообраќај, деновиве причина и за зголемениот број на пациенти во пулмо-алерголошкото одделение при Општата болница од Охрид. Началникот на интерното одделение, д-р Сашо Василески, вели дека во изминативе десетина дена, бројот на пациенти во Центарот за респираторни болести при Општата болница е зголемен за околу 20 % како последица на густата магла.

gusta maglaОсобено на удар, д-р Василески вели дека се пациентите со хробнични белодробни заболувања.

„Факт е дека имаме магла, таа значи зголемена влажност, зголемен притисок на воздухот, така да затоа и како здрав човек не се чувствувате добро ако навечер прошетате покрај езерото, чувствувате дека невообичаено потешко е дишењето кај нормални луѓе, и млади луѓе, а камоли кај астматичарите. Тие посебно го чувствуваат овој период и за жал сите луѓе кои ни се со хронични опструктивни белодробни болести, астматичари, 80% од нив во овие десетина дена се јавени барем за една интервенција, а многу од нив гледам и дека во дневна болница примаат терапија.“-вели началникот на интерното одделение при Општата болница, д-р Сашо Василески.

magla aerodromД-р Василески смирува дека иако го отежнува дишењето кај луѓето, охридската магла, сепак не крие некоја поголема опасност за луѓето.

„Не би сакал да се спореди оваа магла, со маглата во урбаните средини, главните центри, не само Скопје, туку и останатите главни градови, каде фреквенцијата на автомобили е поконцентрирана. Ова се случува секаде и тие се соочуваат со исти или слични проблеми. Охридската магла е исклучиво како магла, не е оптеретена со недозволени честички и не е оптеретена со такви материи кои директно би го загрозиле здравјето на нашите сограѓани.“-рече д-р Василески.

Инаку тој вели дека и покрај зголемениот број на пациенти на сите одделенија, истите одлично функционираат. Потенцираше дека за изминатата година, од вкупно прегледаните 56.328 пациенти, само 41 случај биле препратени на Скопската клиника, додека сите останати пациенти биле третирани во Охрид.

{loadposition content9}