Skip to main content

Василичарите од Вевчани продефилираа низ сред село носејќи интересни маски

Василичарите од Вевчани  продефилираа низ сред село носејќи интересни маски.

 |  Валентина Неловска  | 
karneval
karneval

Почна традиционалниот Вевчански карневал. Повеќе од 1000  василичари продефилираа низ сред село носејќи интересни маски.  И овој пат карневалските маски беа инспирани од личности и настани кои ја одбележаа 2013 година. На карневалот беше присутен и Субрата Рој со својата тајфа, но секако само како маска. Имаше и други бројни интересни маски. Манифестацијата започна пред два дена, а кулминацијата на прославувањето се очекува вечерва.  Вевчани кое живее за оваа традиција која има долги корени привлече бројни домашни и странски туристи кои беа пријатно изнендаени од карневалската манифестација.
karneval
Вевчанскиот градоначалник Цветомир Угринсоки е задоволен од организацијата на кареневалската манифестација. Синоќа во Вевчани престојувале околу 20.000 гости од земјава и странство, кажа Угриноски. Вечерва се очекува повторно голема бројка на посетители.

„ Денес почнува она правото василичарското. Василичарите се главни актери настапуваат и да се забавуваме со нив. Денес е правото, она што доаѓа, досега беше забавен дел , а од денес  настапуваат василичарите.“
 
karnevalНа карневалската манифестација беше присутна и  Елизабета Канческа Милелска, министер за култура. Минситерството за култура го поддржувало и ќе го поддржува Вевчанскиот карневал, порача Милеска.  Во однос на кретаивноста на маските со кои се исмеваат личности и настани кои се актуелни за годината на заминување Канческа Милеска смета дека никој не треба да се навреди.
„ Овој настан треба да го гледаме како нешто што ќе не насмее, бидејќи креативноста не може секој да ја поседува. Таа многу ретко може да биде интелект и милсам дека треба да се гледа како позитивна придобивка за нас и нашата држава.“

Пред полноќ ќе се избира најкретаивната маска, а за најдобрите ќе се додели буре со Вевчанска Крв, односно вино.  Учесниците на карневалот вечерва ќе ги забавуваат музичарите Ефто Пупиноски, Сузана Спасовска, Миле Кузманоски и други музички групи.

{loadposition content9}