Skip to main content

Лизгалиштето за некои забава за некои политичка арена

Препукувањата помеѓу секретарот на општината и советникот Блажески околу лизгалиштето, продолжуваат

 |  Јаковлева Лионела  | 
lizgaliste
лизгалиште

Локалната самоправа се однесува крајно неодговорно, навредувачки и арогантно, игнорирајќи ги сите барања од страна на советниците да излезат со детали околу договорот што е потпишан за лизгалиштето, рече советникот од ЛДП, Дејан Блажески како реакција на вчерашниот прес на секретарот на Општина Охрид,  Димитар Спасески.
Покрај неточните информации кои ги пласира локалната околу фирмата со која е склучен договорот неточни се и информациите дека во програмата за поставување на урбана опрема е изгласано поставувањето на лизгалиштето како урбана опрема, тврди Блажески.

Имаме измени на дополнување на програма во која повторно го нема лизгалиштето. Имавме седница кога ги правеа сите овие работи. Доколку сакаа сето ова да се одвива транспарентно, можеа да го стават како точка на дневен ред и доколку го ставеа како точка на дневен ред, веројатно се плашеа да не излезат вакви работи на виделина, додаде тој.дејан блажески


 Секретарот на општината, Димитар Спасески со оговор.

Блажески по се изгледа доаѓа неподготвен на седниците. Дали учествувал во подготвувањето на програмата незнам, но повторно тврдам дека лизгалиштето е влезено во програмата за поставување урбана опрем, за што се доказ и овие документи, отсечен е Спасески.


Советникот од ЛДП рече дека многу е нејасно како и дали бил распишан тендер за лизгалиштето.

Не знам по кој закон тврдите дека ЛЕР има право да не поднесе тендер за колку фирми ќе се јават на тој тенедер. Со кое право ја избравте оваа фирма. Зборувате дека ќе го користеле децата, дека има спортско-рекреативен карактер, меѓутоа треба да знаете дека доколку е од спортски, рекреативен или образовен карактер, треба тие сектори да поднесат барање, а не секторот за урбанизам и секторот за ЛЕР, кажа Блажески.


Спасески со контра аргументиdimitar spaseski.

Апсолутно секој сектор на локалната има право да побара од секторот за урбанизам да побара барање за поставување урбана опрема. Во случајов тоа го направи ТЛЕР и тука не гледам никаков проблем, вели Спасески.


Блажески побара одговори и на уште низа прашања во врска со економската оправданост на лизгалиштето. Како на пример колку електрична енергија се плаќа месечно, колку чинеше поставувањето на електричниот кабел како и раскопувањето на улиците за да се постави истото.


На денешната прес-конференција Блажески проговори и за како што вчера секретарот кажа штетниот договор за општината склучен со лицето Александар Блажески инаку брат на советникот. Актуелниот советник Блажески рече дека во периодот кога бил склучен договорот немал никаква функција во Општина Охрид па затоа не ни можел да направи некаква злоупотреба на својата должност и јавно запраша во каква роднинска врска е Димитар Спасески со Ирена Здравеска која што е вработена во Општина Охрид од 12.09 2013 година.


Ирена Спасеска е моја сопруга, но не е вработена во локалната туку е превземена од Скопје каде што беше вработена во Министерството за финансии, објасни Спасески.


Дали препукувањата околу лизгалиштето ќе продолжат а со тоа на виделина ќе исфрлат и некои други теми останува да видиме.

{loadposition content9}