При крај се активностите за уредување на Малиот плоштад
Пред големиот верски празник Богојавление-Водици, екипи од охридските јавни претпријатија со несмалено темпо деновиве работат на градењето на малиот плоштад.
Пред големиот верски празник Богојавление-Водици, екипи од охридските јавни претпријатија со несмалено темпо деновиве работат на градењето на малиот плоштад каде порано се наоѓаше објектот на градската библиотека. Екипите вршат поставување на плочки од квалитетен камен со кои се обележуваат зраците од сонцето што треба да го красат подот.
Поставена е и електричната инсталација за подното светло и канделабрите како и клупи за одмор. Според планираното ѕидините ќе бидат осветлени со илуминати кои ќе го надополнуваат пријатниот амбиент во вечерните часови.
Уредувањето на ,,Малиот плоштад” е дел од програмата на Секторот за урбанизам при општина Охрид.