Новиот рекорд на „Рони ракетата“
Актуелниот светски шампион во снукер, Рони О’Саливен петти пат во својата кариера го освои мастер турнирот на најдобрите 16 играчи во Лондон, совладувајќи го минатогодишниот шампион Марк селби со 10-4.

По првата сесија тој поведе со 7-1, и веќе беше јасно дека Селби нема да ја одбрани титулата.Инаку „ракетата“ во четвртфиналето го совлада Рики Волден со 6:0 во фрејмови, а неговиот противник не освои ниту еден поен по мини серијата на почетокот на првиот фрејм.
Потоа следуваше серија од неверојатни 556 поени по ред на О’Саливен кој со ова го собори досегашниот светски рекорд од 2007 година.
Тој беше во сопственост на Динг Џунхуи и изнесуваше 495 поени по ред без прекин на серијата од противникот.
Тој дуел траеше само 57 минути и 48 секунди, а овациите на публиката говорат за играта на „ракетата“.
{loadposition content9}