Охриѓани и гостите вкусија рибна чорба и пача
Охриѓани и гостите вкусија рибна чорба и пача.
За Денот на рибарите беше поделена за охриѓани и гостите 2000 литри рибна чорба. Гастрономскиот специјалитет беше подготвен во специјален казан и за оваа манифестација се подготрвува по трет пат. Во подготовката и овој пат беа вклучени ученици од средното угостителско училиште Ванчо Питошески заедно со нивните професори. Во тридневната подготовка учествувале 15-тина ученици од 3 година. Томи Трајаноски е еден од учениците кои беа вклучени во подготовката на чорбата.
„ Идам од друг град, од Битола и ми е чест да бидам во ова училиште и се разбира во струката. Овој настан е голема одговорност и за мене и за другите. Голема е тремата, ова е за прв пат на ваков настан да учествуваме и тоа е нешто многу убаво.“
За гастрономскиот специјалитет биле употребени 500 кг риба, 80 кг морков, 30 кг целер и други зачини, вели професорот по готварство и практична настава Блаже Јорданоски. Подготовките траеле два дена, а денес беше завршено приготвувањето на чорбата. Работевме напорно и одговорно, нагласува проф. Јорданоски.
„ Имаме 200 кг ослич и 300 кг калифорниска пастрмка, не е од охридското езеро. Добар квалитет е и ќе биде добра, ќе кажат граѓаните кои ќе ја пробаат. Тремата беше присутна првите години, неизвесноста како ќе биде и дали ќе е добро и дали ќе го постигнеме тоа. Но, сега веќе ни стана рутина. Во секој случај и ако има трема таа е позитивна.“
Во чест на денешниот празник Денот на рибарите се приклучија и студентите од факултетот за туризам и угостителство и подготвија пача. Во подготовката на традиционалната пача биле употребени 30 кг свински нозе и 20 кг телешко и свинско месо, кажува Проф Ангела Крстаноска Василеска.
„ Ова е прво наше учество на овој ден и ни беше голем предизвик. Добивме задача од градоначалникот да подготвиме 1000 парчиња пача. Макотрпно работеа нашите студенти кои 3 дена го подготвуваа големиот проект.“
Во подготовката на пачата биле ангажирани 10-тина студенти под менторство на нивните професори по гастрономија. Досега ни беа предзивик подготвките на посовремени јадења, но секако дека студентите треба да научат да го готват и овој традиционален специјалитет, категорична е проф. Крстаноска Василеска.
{loadposition content9}