Охридските велосипедисти од Екодром најуспешни во земјава
Охридските велосипедисти од Екодром најуспешни во земјава.
Охридските велосипедисти од „Екодром“ најуспешни во земјава. На ранг листите на македонскиот велосипедизам „Екодром“ е најуспешен во планински велосипедизам, четврт во друмскиот и шести во велокрос. Во планинскиот велосипедизам екодромци освоија златни пехари во сите категории. Севкупно се освоени 8 пахари, 5 златни, 1 сребрен и 2 бронзени. Во планински велосипедизам, клубскиот златен Пехар – Трофеј, во најелитната категорија Елит – Сениори, злато за Бленди Троци, во категоријата У23 злато освои Христијан Николовски. Во јуниори злато за Јован Јованоски и кадети злато за Новица Велјаноски. Сребрен пехар во Јуниори освои Петар Упевчески. Во друмски велосипедизам бронзениот пехар во рацете на Јован Јованоски и во Велокрос бронза за Петар Упевчески.
На изборот за „Наjдобар Велосипедист за 2013“,присуствуваа претставници од велосипедскиот спорт, претседателот и секретарот на Македонскиот Олимписки Комитет, Агенцијата за Млади и Спорт, Сојузот на Спортови на РМ, градоначалници, спонзори и помагатели. За велосипедиската федерација 2013 година беше плодна и успешна година. Севкупно беа организирани 36 велосипедски натпревари, се учествуваше на 9 меѓународни натпревари, Балкански и Европски Шампионати, Светски купови и завршница со Светските Шампионати во планински и друмски велосипедизам. Се постигнаа успеси и резултати какви што досега не се забележани во историјата на Македонскиот Велосипедизам.
Покрај охридските велосипедисти, златна плакета за посебен придонес, афирмација и развој на велоспедскиот спорт во Република Македонија доби општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески.
{loadposition content9}