Македонските ракометари во баражот, против репрезентацијата на Грција
На ждрепката во данскиот Хернинг, последниот ден од ЕП, Македонија имаше среќа, бидејќи за противник во јунскиот бараж го доби нашиот јужен сосед Грција.
На ждрепката во данскиот Хернинг, последниот ден од ЕП, Македонија имаше среќа, бидејќи за противник во јунскиот бараж го доби нашиот јужен сосед Грција.
Селекторот Ивица Обрван чекува дека ќе го минеме противникот и ќе го продолжиме континуитетот на учества на големите европски и светски натпреварувања
Машката репрезентација на Македонија имаше голема среќа при ждрепката за јунскиот бараж за претстојното Светско првенство што ќе се одржи идната година, во јануари, во Катар. Македонија беше во првиот, привилегиран барабан, а за противник го доби нашиот јужен сосед Грција. Ваквиот исход на жрепката беше посакуван и се оствари, и претставува голема шанса Македонија да го продолжи континуитетот учества на големите европски и светски мегдани, каде последниве години е редовен учесник. Во таборот на нашиот репрезентативен тим задоволство, но и голем оптимизам. Грците не се наивен противник, но не и од оној калибар на “непосакуваните” селекции.
Селекторот на нашата репрезентација Ивица Обрван не го криеше задоволството од поволната жрепка:
– Задоволен сум од жрепката. Сакавме да ги избегнеме Чешка, Германија, Норвешка и Словенија тоа и се случи. Ако бидеме здрави и комплетни, добро да се подготвиме, сметам дека имаме големи шанси да одиме на Мундијалот во Катар. Жрепката е исклучително поволна. Со тоа ќе го продолжиме континуитетот на учество на големите натпреварувања. Веројатно го добивме најслабиот противник, но тоа не треба да не залажува, напротив треба да не мотивира. Првиот дуел го играме на гости со Грците, а реваншот дома, што значи ќе имаме полно гледалиште, голем мотив и се разбира победа и конечен успех. Верувам во оваа генерација која се докажа и на ЕП во Данска, а верувам така ќе биде и во Катар.
Еве ги комплетните двојки за баражот:
Грција – Македонија, Унгарија – Словенија, Романија – Шведска, Полска – Германија, Србија – Чешка, Русија – Литванија, БиХ- Исланд, Австрија – Норвешка и Црна Гора – Белорусија.
{loadposition content9}