Бесправно доградените и затворени тераси треба да се легализираат
Граѓаните што имаат бесправно доградени и затворени тераси може во општините да поднесат барања за нивна легализација за цена од евро за квадрат во наредните два месеца.
Граѓаните што имаат бесправно доградени и затворени тераси може во општините да поднесат барања за нивна легализација за цена од евро за квадрат во наредните два месеца.
Ќе се продолжи и рокот за доставување геодетски елаборати за утврдување фактичка состојба на бесправен објект до 15 септември 2015 година, пишува Дневник.
Ова се некои од измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, што ги предложи Министерството за транспорт и врски, а кои наскоро треба да бидат усвоени во Собранието
Новиот член во законот предвидува дека може да се легализираат сите тераси, кои заклучно со 3 март 2011 година биле пренаменети во станбен простор, а сопствениците може да поднесат барање за легализација во општините во рок од два месеца од денот на стапување во сила на законот.
-Kога сите поднесуваа барања за легализација на куќи, дуќани, станови, гаражи и разни доградби, ние не поднесовме оти имаме само бесправно преградена тераса од станот. Ако поднесевме барање, ќе требаше да плаќаме по редовна цена оти терасите не беа опфатени во групата објекти што ќе се легализираат за евро од квадрат. Потоа во јуни 2013 година се намали и цената за терасите, но не се продолжи рокот за поднесување барања. Сега можеме да легализираме за малку пари, но општината не ни го прима барањето – раскажуав една скопјанка.
Од Министерството за транспорт објаснуваат дека ваков проблем имале многу граѓани, па се решиле на законски измени.
-Имајќи предвид дека со измените на законот во 2013 година се изврши промена на висината на надоместокот за утврдување правен статус на овој вид објекти, односно се утврди надоместок во висина од 61 денар, целисходно е да се овозможи поднесување барање за легализација во дополнителен рок за граѓаните што претходно не поднеле барање поради висината на надоместокот. Оттука со законската измена се дава дополнителен рок од 60 дена за поднесување барање – се вели во образложението на законските измени.
Надлежните објаснуваат и дека увиделе оти геодетските друштва не се во можност да ги изготват сите потребни елаборати за легализација на дивоградбите, а крајниот рок за тоа беше предвиден во јуни оваа година.
-Се продолжува рокот за доставување геодетски елаборати затоа што може да се случи без вина на барателот да мора да се одбие неговото барањето затоа што во документацијата недостига овој елаборат – се вели во образложението.
{loadposition content9}