Skip to main content

Прекината наставата во струшкото ОУ „Јосип Броз Тито“, нема нафта за греење

Прекината наставата во струшкото ОУ„Јосип Броз Тито“,  нема нафта за греење.

 |  Валентина Неловска  | 
greenje
greenje

Денес прекината наставата во ОУ „Јосип Броз Тито“. Учениците и нивните наставници останаа без греење. Нафта за греење нема од средата, но заради поволните временски услови децата доаѓале на училиште, но утрово, со падот на температурата децата не дојдоа в училиште. Претседателот на Советот на родители од ова уличиште Крсте Бунчески напоменува дека ситуацијата со набавка на нафта за греење е тешка. Според него е недозволиво во 21 век среде зима  децата да останат без греење. Смета дека 5те тони нафта кои училиштето досега ги добило за централното и двете подрачни училишта  не се доволни. Бунчески  вели дека раководството на училиштето во дозволените граници штеди на греење и дека претходните месеци биле топли и биле во прилог на заштеда во греењето. Апелира до надлежните институции да се реши проблемот за да не паѓа на грбот на учениците.

„Сега нема капка нафта и додека не се обезбедат услови за редовно одвивање на наставата не се согласуваме да доаѓаат децата на настава додека не се обезбедат услови.“
OU JBTito
Директорката на училиштето Ана Столеска, напоменува дека уште во средата ја известиле Локалната самоуправа дека нема нафта за греење. Столеска потенцира дека за нивното централно училиште и  двете подрачни деветтолетки во Мислешево и Враништа со околу 750 ученици не се доволни 5 тони нафта колку што досега ги добиле. Според нормативите за трите објекти е потребно околу 46 тони нафта. Таа потенцира дека останатите училишта добиваат повеќе нафта за греење во споредба со нив. Столеска обвинува за тенденционост на локалната самуправа  кон  училиштето кое е мултиетничко и во кое  наставата е на македонски наставен јазик.

„ Ние забележуваме дека односот на општината кон училиштето и раководниот кадар е тенденциозен. Не знаеме за позадината и се надеваме проблемите ќе се решат. Постојано сме подложни на притисок односно со лична комуникација кон раководството на училиштето не е на завидно ниво.“  
OU
Љавдрим Ељмази, советникот за образованиe, култура и спорт на струшкиот градоначалник Зијадин Села, ги негира тврдењата на директорката Столеска.
Според него станува збор за технички проблем на компанијата која ги снабдува училиштата со нафта за греење.  Смета дека барањето за 46 тони нафта  е нереално и лани училиштето потрошило 24 тони  нафта. За да нема злоупотреби Ељмази најавува дека набавката на гориво ќе се прави  неделно или на две недели во зависност од временските услови.

„ Проблемот со нафта не е само во ОУ„ Јосип Броз Тито“ туку во  сите школи. Се организираме домаќински да работиме. Финансиите се ограничени сите школи се со блокирани сметки. За  потребите на училиштето се нарачани 8 тони нафта, проблем имаше со снабдувачот им излезе технички проблем и не успеале во понеделник да бидат таму за да се стартува со настава нормално.“
 
Ељмази ветува дека нафтата за греење ќе биде набавена и утре наставата во Јосип Броз Тито ќе почне да се одвива редовно. Тој напоменува дека според планот за набавка на горивото се земаат сите фактори во предвид и Локалната мора домаќински да работи.  Општина Струга има заостанат долг кон добавувачот за нафта уште од 2010 година, а тие мора редовно да го плаќаат набавеното гориво. Нагласува дека навреме ги добиваат финасиите од ресорното министерство за оваа намена, но се соочуваат со често блокирана сметка.

{loadposition content9}