Skip to main content

Се прават обиди Шумахер да се разбуди од кома

Откако на 29 декември доживеа несреќа при скијање, Михаел Шумахер и понатаму е во кома.

 |  Голабовски Крсте  | 
Zan Mark Grenie
Жан Марк Грение

Откако на 29 декември доживеа несреќа при скијање, Михаел Шумахер и понатаму е во кома.

Францускиот весник L’Equipe денеска објавува дека здравствената состојба на Шумахер се подобрува и дека лекарите започнале постапка за последено будење од кома.

Michael Schumacher„Тоа е најдобрата вест од изминатиот месец од Гренобл. Меѓутоа и понатаму треба да бидеме внимателни. Постапката на будење е спора и долготрајна“, објавува L`Equipe.

После комата тешко е да се врати во нормален живот. Некои од лекарите дури спомнуваат дека Шумахер кога ќе се пробуди од кома нема да може да зборува, да се концентрира на нешто, да пишува или да има долгорочно памтење. Други експерти сметаат дека цел живот може да остане во кома.

Колегите од светот на Формула 1 му даваат поддршка. Филипе Маса, некогашен тимски колега на Шумахер, напиша едно трогателно писмо, додека пак најдобриот возач на денешницата Себастијан Ветел порача дека се надева на чудесно опоравување.

Легендарниот возач на Формува 1 беше опериран два пати откако на францускоит ски центар Мерибел падна при скијањето и со главата удри во камен. Поради сериозноста повредите беше ставен во кома.

{loadposition content9}