Skip to main content

Путин наиде на студен пречек во Брисел

Рускиот претседател Владимир Путин од Брисел ја критикуваше ЕУ поради тоа што во Украина испрати висока делегација за време на антивладините протести, толкувајќи го потегот како политичко мешање.

 |  Голабовски Крсте  | 
Vladimir Putin
Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин од Брисел ја критикуваше ЕУ поради тоа што во Украина испрати висока делегација за време на антивладините протести, толкувајќи го потегот како политичко мешање.
 
По завршувањето на самитот ЕУ- Русија во Брисел, Путин отворено го критикуваше пристапот на ЕУ кон проблемот во Украина.

Stefan File„Можам да замислам каква би била реакцијата на нашите европски партнери доколку среде кризата во Грција или во некоја друга земја, нашиот министер за надворешни работи одлучи да присуствува на антиевропски собир и да ги повика и граѓаните да се придружат“, рече рускиот претседател.

„Повеќе посредници значат и повеќе проблеми. Доколку се земат предвид поединостите од односите меѓу Русија и Украина, тоа е неприфатливо“, рече Путин.

ЕУ испрати повеќе високи претставници, вклучително и високата претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон , на состаноци со власта и опозицијата во Украина. Ештон требаше да го посети Киев кон крајот на неделава, но одлучи тоа да го стори предвреме, уште вчера (28.01).

Путин смета дека ЕУ има премногу мек став кон украинската опозиција, оценувајќи дека некои нејзини членови користат расистичка и ксенофобична аргументација за да добијат народна поддршка.

{loadposition content9}