Skip to main content

Како да препознаете дека очајнички ви треба одмор

Денес, во време кога сите живеат под стрес и во состојба на хронична исцрпеност, поголемиот дел од луѓето земаат здраво за готово тоа што се уморени.

odmor
одмор

Денес, во време кога сите живеат под стрес и во состојба на хронична исцрпеност, поголемиот дел од луѓето земаат здраво за готово тоа што се уморени.

двојкаИако после напорната работа одморот навистина е неопходен, често луѓето се занесуваат со обврски за тоа да го забележат. Еве некои сигнали кои укажуваат на тоа дека под итно ви е потребен одмор.

– Вашиот колега добил отказ во најнезгодниот момент. Пред заминувањето ви вели дека делувате како да сте под стрес. Го знаете доволно добро за да можете да бидете сигурни дека е само искрен, а не и злобен.

– Имате преслатко бикини кое уште поубаво ви стои. За жал, единствено го употребувате за бришење на прашината од телевизорот и мебелот.

– Имате прекрасни куфери, од кои конечно сте ја тргнале етикетата, но сте ги искористиле само за да пренесете некои работи од домот на вашите родители во вашиот дом.

son– Ужасно ви недостига забава, во било која форма. Најголемиот дел од времето за тоа не сте ни свесни – но започнувате да се сомневате кога сфаќате дека како луди се смеете на вицовите на најдосадниот колега во канцеларијата.

– Не е лето, но редовно ја мачкате кожата со крема за сончање, бидејќи не можете да му одолеете на мирисот кој ве асоцира на одмор.

– Вашето момче сака да водите љубов, а вие го отворате  вашиот распоред за да видите кога имате време и кој ден ќе ви остане доволно сила за тоа.

– Вашата пријателка со насмевка ви раскажува дека ќе оди на место каде што служат разновидни коктели, а вашата претпоставка е дека оди во некој нов кафич.

{loadposition content9}