ЛЕОНАРДО ДИ КАПРИО ОТКРИВА ДЕТАЛИ
Пред да постане еден од најценетите актери во Холивуд, Леонардо Ди Каприо било сиромашно дете кое живеело во многу опасен дел на Лос Анѓелес.
Милиони обожавателки од целиот свет се благодарни за секој филм во кој се појавува нивниот миленик, 39 годишниот Леонардо Ди Каприо. Дека поседува голем актерски талент Лео докажа уште во 1997-ма година во филмот „Титаник„ кој беше еден од најгледаните во историјата на кинематографијата. После него ја продолжи својата плодна актерска кариера и стекна многу обожавателки.
Во интервју за Лос Анѓелес Тајмс, Лео открива како се нашол во светот на филмот. Го опишал своето детство кое ни најмалку не е од бајките.
Леонардо пораснал во кварт опкружен со проститутки и наркомани. Ѕвездата од филмот „Волкот од Вол Стрит„ признава како никогаш не земал дрога бидејќи бил згрозен од последиците кои остануваат зад неа. Наркомани буквално умирале пред неговиот куќен праг и сето тоа оставило длабоки последици на неговото детство.
Пораснав во многу сиромашно семејство и сакам да ја видам другата страна на спектарот, признава Лео кој бил малтретиран и на училиште. Баш поради овие причини и заради желбата да се отргне од ваква грозна околина, побарал од мајка му да го запише на часови по глума.
„Имав само 15 години кога и реков на мајка ми дека сакам да станам актер„. Ја замолив да ме носи на аудиција, признава актерот кој со само 23 години благодарение на филмот „Титаник„ постана идол на многу обожавателки низ светот.
Последен филм во кој глуми е „Волкот од Вол Стрит„ за кој е номиниран за оскар во категоријата најдобар актер.