Skip to main content

Џерими Ајронс станува слуга на Бен Афлек

Лошиот противник на Бетмен, Лекс Лутор ќе го игра Џеси Ајзенберг кој за улогата во филмот „Социјална мрежа„ беше номиниран за Златен глобус и Оскар.

 |  инфодеск  | 

Познати се имињата на актерите кои ќе ги играат ликовите на Лекс Лутор и слугата Алфред во најновата екранизација на Бетмен. На Бетмен Бен Афлек ќе му се придружи актерската легенда Џерими Ајронс (50) кој во екранизацијата на популарниот стрип ќе го глуми неговиот слуга Алфред, јавува Индипендент.

Бетменовиот ривал, лошиот Лекс Лутор ќе го игра Џеси Ајзенберг (30) кој за улогата основач на фејсбук Марк Цукенберг во филмот „социјална мрежа„ беше номиниран за Златен глобус и Оскар во категоријата најдобар актер.

Ангажманите на Ајзенберг и на Афлек беа дочекани на нож. Режисерот Зек Шнајдер повторно мораше да го брани својот избор, истакнувајќи дека ликот на Лекс Лутор ќе се развива во „поинакви правци„. Но загрижените обожаватели се сеуште скептични. На социјалните мрежи пишуваат дека Ајзенберговите актерски способности не се во ист ранг со оние на Џин Хекмен кој улогата на Лекс Лутор ја имаше донесено до совршенство. Тврдат дека изборот е „страшен„.