Skip to main content

15 години дипломатски односи со 13 европски држави

Со централна свеченост во Домот на АРМ под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“, македонското Министерството за надворешни работи и повеќе странски дипломатско конзуларни претставништва, денес се одбележуваат 15-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со 13 европски држави.

Evropa
Европа
Со централна свеченост во Домот на АРМ под мотото „Петнаесет години европско пријателство и партнерство“, македонското Министерството за надворешни работи и повеќе странски дипломатско конзуларни претставништва, денес се одбележуваат 15-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со 13 европски држави.

Како што истакна на денешната прес конференција заменик министерот за надворешни работи Зоран Петров предвидено е на свеченоста да се обрати македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, а во име на странските дипломати ќе говорат доајенот на дипломатскиот кор – амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија Карл Виби и Бернар Валеро, амбасадор на Француската Република во својство на претставник на земјата претседавач со ЕУ.

„Декември 1993 година претставува важен момент во историјата на македонската надворешна политика.Тоа е месецот кога 13 европски држави воспоставија дипломатски односи со РМ. Сојузна Република Германија, Кралството Данска, Кралството Холандија, Италијанската Република, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Кралството Норвешка, Кралството Шведска, Република Бугарија, Република Албанија, Француската Република, Република Финска, Исланд и Република Полска, се државите кои ги верификуваа напорите на Македонија за пошироко меѓународно признавање и етаблирање. Со тоа беа урнати и последните бариери на сомневањата и опструкциите за успешниот пат на македонската меѓународна промоција и евроатлантски интеграции. Останува историскиот факт оти првите три земји со кои Република Македонија воспостави дипломатски односи под уставното име беа Словенија, Хрватска и Турција во 1992 година“, рече Петров.

MNRПокрај повеќето концерти, изложби и филмски проекции и други манифестации што по повод овој јубилеј се одржаа во изминатите неколку дена, во текот на утрешнот ден ќе биде организиран и тн. „Ден на отворени врати“ со кои Британската и амбасадите на Кралствата Норвешка и Шведска ќе им овозможат слободен влез на граѓаните и директно запознавање со работите на странските конзуларни претставништва.

Со оваа, како што рече Петров, најголема група од 13 држави кои за кус период воспоставија дипломатски односи со Македонија, имаме и најдолга традиција и на дипломатски односи кои се на одлично ниво и поддршка во процесот на интегрирање во ЕУ и НАТО. Во однос на нивната поддршка за визната либерализација, тој додаде дека станува збор за комплексен процес во кој се вклучени и министерствата за правда и за внатрешни работи, повторувајќи ја притоа неодамнешната оценка на Европската комисија дека Македонија од државите од Западен Балкан  има постигнато најголем напредок во тој процес.

На прашање на новинарите дали МНР ќе реагира до Софија поради вчерашната изјава на бугарскиот премиер Сергеј Станишев во врска со ОМО Илинден Пирин, Петров рече дека станувало збор за прес-конференција на двајца премиери и оти е невообичаено во дипломатската пракса при официјална посета на висок претставник на една држава  домаќинот да реагира со протесна нота.

„Колку што прочитав и видов сите медиуми реагираа. Реагираа и претставниците  од ОМО Илинден Пирин. Тоа е сосема доволно“, рече Петров.

Во врска со границата со Косово заменик министерот за надворешни работи истакна оти останува да се обележат уште помалку од еден километар во областа околу Дебалбе каде треба да се постават гранични камења, со што тој процес ќе се заокружи согласно најавите. За воспоставувањето дипломатски односи, Петров рече дека ќе се случи во оној момент кога двете страни ќе го оценат за соодветно.

 

 

{loadposition content9}