Поемата „Азбукословецот“ ja доби наградата „ Григор Прличев“ за 2013 година
Поемата „Азбукословецот“ ja доби наградата „ Григор Прличев“ за 2013 година.
Поемата „ Азбукословецот“ од Иван Василевски ќе биде промовирана во рамките на манифестацијата Прличеви Беседи. Оваа поема е избрана на конкурсот „Григор Прличев“ и е најдоброто поетско дело за 2013 година. Манифестацијата во чест на делото на Григор Прличев ќе се чествува 2 дена, а започнува во среда напладне во НУ Центарот за култура која го носи името на големиот поет Григор Пеличев.
„ Добредојдени се сите почитувачи на литературата и културата и секако почитувачите на големиот Григор Прличев. Тој не е само поет туку и голем преродбеник, Григор Прличев оставил големи траги во нашата култура и борба на македонскиот народ за ослободување од туѓи влијанија. Делувал и живеел во Охрид и останал запаметен во народот, а неговото име е големо за нас. Чествувањето е голема должност кон овој поет и патриот.“
Автор на наградената поема „Азбукословецот“ е Иван Василевски долгогодишен новинар од МИА, писател и поет. Жирито во состав Милорад Стефаноски, Бранко Цветкоски и Иван Чапоски од 20 пристигната поеми, и во потесен круг од 6 поеми, ја избраа како најдобра „ Азбукословецот“, посветена на Свети Климент.
„ Изборот на поема е начин за продолжување на ликот и делото на Григор Прличев, продолжување на начинот на кој творел и работел. Сите поеми се правени во тој дух, во духот на поемата „Сердарот“. Под одредени правила и е обид да се поддржува поезијата и поемата како книжевен вид и отвора можности за нашите современи писатели и поети да творат и да можеме со нови културни достигнувања и да уживаме во литературата.“
Доделувањето на наградата и Повелбата за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2013 година ќе биде пропратено со културна програма. Чествувањето ќе биде пропратено со настап на хорот при националната установа, центарот за култура „Григор Прличев“,со артистичка изведба на поемата „Азбукословецот“ со Никола Тодороски и Наташа Василевска и музичката група „Сарај“.
Во тек е конкурсот за избор на најдобра поема „ Григор Прличев“ за 2014 на кој авторите ќе може да ги испраќаат поемите до крајот на август во „Просветно дело“ АД Скопје.
{loadposition content9}