Бог да чува од американски туристи
Ви претставуваме неколку приказни од туристички работници кои се сретнале со „паметни“ прашања од уште „попаметните“ Американци.
Ви претставуваме неколку приказни од туристички работници кои се сретнале со „паметни“ прашања од уште „попаметните“ Американци.
– Еднаш една клиентка ме запраша дали мора да добие седиште покрај прозорецот во авионот. Рече дека седењето покрај прозорецот ќе и’ ја уништи фризурата, особено ако некој го отвори во текот на летот.
– Една клиентка се распрашувала за пакет аранжмани за Хаваите. Откако и’ ги објаснив целокупните трошоци, ме запраша: Не е поевтино да летам до Калифорнија и од таму да земам воз за на Хаваите?
– Ми се јави една жена која сакаше да патува во Кејптаун. Започнав детално да и’ објаснувам за должината на патувањето, работите кои ќе и’ бидат потребни, потребата за пасош и слично, кога ме прекина со реченицата: „Не сакам да испаднете глупави но Кејптаун е во Масачусетс. Јас, исто така, не сакајќи клиентката да испадне глупава, мирно и’ одговорив: „Кејпкод е во Масачусетс, Кејптаун е во Африка“.
– Ми се јави еден човек кој беше бесен поради патувањето во Флорида кое го организиравме ние. Кога го запрашав зошто не е задоволен од патувањето, тој ми одговори дека очекувал да има поглед на океан. Се обидов да му објаснам дека тоа е невозможно со оглед на тоа што Орландо, местото во кое престојуваше се наоѓа во средината на Флорида. Тој ми рече: „Немојте да ме лажите. Погледнав на географската карта и јасно гледам дека Флорида е тесна држава“.
– Еднаш ми се јави еден човек кој ме запраша: „Дали може да се виде Англија од Канада?“. Му одговорив не. Разочарано ми врати: „Но делуваат толку близу кога гледам на картата“.
– Еден човек бараше да изнајми автомобил во Далас. Кога му ја правев резервацијата, забележав дека во Далас ќе биде само еден час, бидејќи менува авиони. Кога го запрашав зошто сака автомобил, тој ми рече: „Па Далас има огромен аеродром па сакав изнајмам автомобил за да одам од еден терминал на друг“.
– Ми се јави една љубезна дама која се интересираше како нејзиниот автомобил кој тргнува во 20.20 од Детроит пристигнува во 20.33 во Чикаго. Се обидов да и’ објаснам дека Мичиген се наоѓа во друга временска зона и дека на картата е наведено локалното време на полетување и слетување, но таа тоа никако не можеше да го сфати. На крајот и’ реков дека тоа е специјален, навистина брз авион – и поверува!
– Една жена ме запраша: „Дали авиокомпанијата го става физичкиот изглед на патникот на торбите за да знае на кој припаѓаат?” Јас и’ одговорив: „Не, зошто прашувате?“ на што таа ми рече: „Па кога го чекирав мојот багаж, на него ставија FAT (англиски превод: дебела), а бидејќи сум дебела се прашувам дали постои некаква поврзаност. Откако ја оставив една минута на чекање (умирав од смеа), и’ објаснив дека тоа е код за нејзината дестинација.
– Ми се јави еден човек од аеродром и ме запраша: „Како да знам на кој авион треба да одам? Го прашав на што конкретно мисли, а тој ми одговори: „Ми рекоја дека бројот на мојот лет е 817, но нитуеден од овие авиони го нема тој број на себе“.
– Еден бизнисмен ми се јави и ме прашуваше за документите потребни за патување до Кина. После подолга дискусија за пасошите, му кажав дека му е потребна и виза. Тој ми рече: „А не, јас неколку пати веќе бев во Кина и никогаш не ми беше потребна виза“. За секој случај проверив повторно на интернет и му повторив дека навистина му е потребна виза. Тогаш тој ми рече: „Видете, бев во Кина четири пати и секој пат ја примија мојата American Express картичка“.
– Некоја жена се јавила да резервира лет. „Сакам да летам до Нилскиот коњ во Њујорк“. Останав бесз зборови.„Дали сте сигурни дека тоа е името на градот?“ „Да, кои летови ги имате?“, ми одговори клиентката.
После подолго барање, се вратив на телефон и и’ реков: „Извинете госпоѓо, ги прегледав сите авиони во земјата и не успеав да пронајдам нитуеден Нилски Коњ. Тогаш, клиентката ми одговори: „Стварно сте смешни. Па сите го знаат тој град. Погледнете на географската карта“. Одев со прстот по картата низ државата Њујорк од град во град, и конечно со неверување ја запрашав: „Да не мислите на градот Бафало?“, „Така е. Знаев дека е некое големо животно!“, одговори таа.
{loadposition content9}