Skip to main content

Охридските социјал демократи укажуваат на низа незаконитости во манастирскиот комплекс Св.Наум

Охридските социјал демократи укажуваат на низа незаконитости во манастирскиот комплекс Св.Наум

 |  Валентина Неловска  | 
sdsm
sdsm

Во манастирскиот комплекс Св Наум се случуваат повеќе незаконски делувања на одредени државни институции од власта на ДПМНЕ, обвинуваат охридските социјал демократи. Со тоа не се почитуваат правата на жителите на Охрид , рече на денешната прес конферција портпаролот на ОО СДСМ  Александар Кузески. Тој  укажа дека Kомисијата за денационализација  во три наврати, спротивно на законските одредби од Законот за денационализација, со решенија од 2008, 2009 и 2011 година одзела  од РМ  над 3 илјади хектари земјиште,  дел од Националниот парк Галичица, и го вратила на црквата. Според законот, предмет на денационализација не можат да бидат природни реткости определени со Закон. Тие не се враќаат во сопственост, туку се дава надомест за имотот кој со одземање станал добро во општа употреба каков што е туристичкиот комплекс Свети Наум, рече Кузески.
oo sdsm
„ Со оглед на фактот што наведените решенија биле чувани во тајност, било оневозможено правно да се заштити имотот на државата. Селективното спроведување и примена на законите стана заштитен знак на оваа власт, која никогаш не водела сметка да ги заштити правата на сопствените граѓани и сопствената држава. За да е трагедијата уште поголема, дел од тоа исто земјиште сега е предмет на препирки и расправии помеѓу црквата и власта, затоа што е зафатено од т.н. развојна туристичка зона, што треба да му биде дадена на располагање на белосветскиот измамник од индиско потекло, на кого му е забрането да ја напушта сопствената држава “.

Трагично е и тоа што Советот на општина Охрид  нема никакви надлежнсти врз случувањата во манастирскиот комплекс Св Наум, укажува Кузески. Општинскиот Совет во врска со овие прашања законски е целосно дерогиран и му се укинати  надлежностите од страна на централната власт, обвинуваат охридските социјал демократи.  

sdsm„ Се она што се случува во манастирскиот комплекс Св. Наум е без знаење и согласност на жителите на Општина Охрид. Нема валиден детален урбанистички план, нема план за урбана опрема, нема согласности и одобренија за градба, нема одобренија за сеча на дрвјата, нема решение за отстранување на времени објекти, нема плаќање данок за високите приходи од кирија за објектите.“
 Наместо  жителите од општина Охрид сами да одлучуваат за својата судбина, тоа се прави селективно и неуставно со спроведување на законите од страна на ДПМНЕ, вели Кузески. Жителите од  Љубаништа  се ставаат  во пониска, подредена положба, како граѓани од некоја подолна класа, или каста, доколку се користи националната терминологија од Субрата Рој – големиот пријател на власта од ДПМНЕ, кажа портпаролот Александар Кузески.


{loadposition content9}