Skip to main content

Црвен крст Охрид организира подготовка за матурскиот испит за предметот англиски јазик

 Црвен крст Охрид организира подготовка за матурскиот испит за предметот англиски јазик.

 |  Валентина Неловска  | 
crven krst
crven krst

Курсевите се одржуваат во просториите на ОО Црвен крст. Кандидатите ќе ги добијат потребните знаења, а за тоа ќе се погрижат стручни и искусни предавачи и ќе бидат подготвени за успешно полагање на матурскиот испит по англиски јазик.
Во две годишното спроведување на овој проект беа вклучени 30 матуранти и сите посетители на подговителнитe обуки  успешно ги положија испитите.
CK Ohrid

Следејќи ги искуствата од минатите години и потребите на кандидатите и оваа година начинот на спроведување на проектот ќе биде кандидатите да се подготвуваат преку индивидуализиран пристап.
Тимот на предавачи ќе го предводи  Зора Бушоска професор по англиски јазик.

Пријавување и информации може да добиете  во Црвен крст Охрид секој работен ден од 08 до 16 часот на тел.046 262 706 или е-маил  ohrid@redcross.org.mk.

 

{loadposition content9}