Ќе добие ли конечно Охрид градска марина
Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека парите за марината се обезбедени и дека се работи на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина.
Долго најавуваната изградба на градска марина по се изгледа кинечно ќе се реализира. Градоначалникот Никола Бакрачески ги разреши сите дилеми околу тоа дали има или нема пари за нејзина изградба.
За марината или за реконструкција на пристаништето што сакаме да го изведеме заедно со Министерството за транспорт и врски од буџетот на министерството се издвоени еден милион евра, рече Бакрачески.
Моментално се работи на изработка на идејното решение после што ќе се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина. Бакрачески вели дека подготвителните работи се во завршна фаза. Марината ќе биде лоцирана на просторот помеѓу двете градски пристаништа. На прашањето зошто марината не се гради на вливот на реката Грашница што беше најавено во предизборната програма на сегашниот градоначалник., Бакрачески со одговор.
Ние го слушаме гласот на експертите пред се на стручњаците од охридската капетанија која направи стручни анализи кои покажаа дека сегашната локација е најсоодветна за марина, рече Бакрачески.
Градоначалникот додаде дека ќе се гради една марина на градското пристаниште, а не дека на крајбрежјето ќе има уште дваесет помали како што се шпекулираше во јавноста.
{loadposition content9}