Skip to main content

Европскиот парламент денес ќе расправа за напредокот за Македонија

Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година, јавува МИА.

Evropski parlament
Европски парламент

Европскиот парламент доцна вечер ќе расправа за извештајот подготвен од британскиот европратиник Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2013 година, јавува МИА.

Evropski parlamentВо резолуцијата за која по вечерашнава дебата, европратениците ќе гласаат утре, Европскиот парламент уште еднаш го повикува Советот на Европската унија да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.

Билатералните и добрососедските односи според предложениот текст треба да бидат во конструктивен дух водејќи сметка за принципите на ОН и ЕУ.

ЕП жали што одлагањето на датумот за преговори ја акцентира растечката фрустрација на јавното мислење во однос на ќорсокакот во кој се наоѓа процесот на интеграција во Унијата и ризикува да предизвика проблеми и тензии во земјата. Исто така, ЕП жали што Советот не ја повтори истата формулација од 2012 година во однос на Македонија.

{loadposition content9}