Лауреатот Василевски ја доби наградата „Григор Прличев“
Поемата „Азбукословецот“ го доби признанието најдобра поема за 2013та година.
Со уметничка изведба на поемата „Азбукословецот“, најдобрата поема за 2013та година, денес во свечена атмосфера беше доделена наградата „Григор Прличев“.
Претставници од културниот, политичкиот живот, гости, уживаа во звуците на хорот при Центарот за култура „Григор Прличев“. Пригодна реч за големиот охридски поет, Прличев кажаа и директорката на Центарот за култура, Драгана Боцеска, како и претседателката на советот на општина Охрид, Гордана Коњановска. Добитникот на наградата „Григор Прличев“, Иван Василевски, годинешниот лауреат, ја потенцираше врската помеѓу светиот Климент и ловороносецот, Прличев како и животното мото на Прличев „Совршенство или смрт“. Повелбата и наградата за најдобра поема за 2013та година на авторот му ги доделува Просветно дело, а свеченоста посветена на лауреатот е помогната од Министерството за култура на Република Македонија.
{loadposition content9}