На кого му пречат младите дрвца на улицата „Марко Цепенков“?
Младите садници на ул.„Марко Цепенков“, повеќе од една година мета на несовесните граѓани.
Повеќе од една година Младите садници на ул.„Марко Цепенков“, систематски се уништуваат од страна на вандалите и покрај напорите кои Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги прави за зазеленување на тротоарите од оваа многу прометна улица.
Службите на Комуналец, во неколку наврати ги обновуваа искршените садници, но повторно на самиот почеток од годинава, 5-6 стебла беа искршени.
Оние садници кои успеаа да ја преживеат претераната „грижа“ на вандалите, беа дополнително фиксирани за потпорни дрвени столбови.
Но, по се изгледа и тоа не беше доволно за спас на младите садници.
Само оние граѓани кои во летните месеци не прошетале по оваа улица, не знаат од колкава важност е сенката која ја прават оние неколку дрвца на тротоарите кои преживеаја.
{loadposition content9}