Skip to main content

„Must know“ за сите сопственици на кучиња

Еве интересни факти за за сите оние кои имаат кучиња, но и за оние кои сакаат да уживаат во друштвото на најпосакуваниот  домашен миленик.

kuce
куче

Еве интересни факти за за сите оние кои имаат кучиња, но и за оние кои сакаат да уживаат во друштвото на најпосакуваниот  домашен миленик.

kuceОва е листата на кучешки заповеди кои секој сопственик треба да ги знае.
 
1. Мојот живот веројатно трае меѓу 10 и 15 години. Секое разделување од тебе ќе ми биде болно. Имај го тоа на ум пред да ме посвоиш.

2. Дај ми време да сфатам што бараш од мене.

3. Имај доверба во мене, тоа ми е важно.

4. Немој долго да ми бидеш лут, и не ме казнувај со затворање. Ти ја имаш твојата работа, забава и пријатели, јас те имам само тебе.

5. Зборувај ми. Иако не ги разбирам твоите зборови, го разбирам твојот глас додека ми зборуваш.

kuce6. Имај на ум дека никогаш нема да заборавам како се однесуваш со мене.

7. Пред да ме удриш, запомни: имам заби со кои лесно можам да ги скршам коските на твојата рака, но сум избрал тоа да не го направам.

8. Пред да ме искараш бидејќи не соработувам или сум мрзелив и тврдоглав, запрашај се дали е се’ во ред со мене. Можеби не ја добивам правилната храна или предолго време сум бил на сонце или пак стареам па срцето ми ослабело.

9. Грижи се за мене кога ќе остарам. И тебе ќе ти се случи тоа еден ден.

10. Биди со мене на моето најтешко патување. Немој да ме напуштиш со зборовите: „Не можам да гледам, нема да можам да го поднесам тоа“ или „Не сакам да бидам в соба кога ќе си замине“. Кога си до мене, јас се’ поднесувам полесно.  

{loadposition content9}