Свечен пречек на македонските мировници од Ирак
Македонските војници од последниот контингент во Ирак денеска свечено ќе бидат пречекани во Скопје, со што и официјално ќе заврши учеството на Македонија во оваа мировна мисија.
мировници

На свеченоста во касарната „Илинден“, попладнево обраќање ќе има претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, соопшти неговиот кабинет.
Најавено е присуство на свеченоста и на премиерот, Никола Груевски, министерот за одбрана, Зоран Коњановски и началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски.
Македонските војници беа испратени од Ирак со свеченост во кампот Таџи, кон крајот на ноември.
„Сведоци сме на извонредни постигнувања на македонските водови и го завршуваме ова поглавје од нашето партнерство во Ирак“, рече американскиот полковник Тод МекКафи на церемонијата во Таџи.
Последни од Ирак се враќаат припадниците од полкот за специјални операции на АРМ, кои беа распоредени со јачина од еден вод, во единаесеттата ротација на оваа единица.
АРМ во Слобода за Ирак учествува од јуни, 2003 година, во мисијата учествуваа вкупно 479 македонски војници.
Македонските војници за постигнувањата добија 98 американски одликувања, од нив четворица беа одликувани со Бронзена ѕвезда, четврта по значење воена награда во САД.

{loadposition content9}