Во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час
Отворен час за сите ученици, родители и посетители. Ваков час за прв пат се одржа по повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“. Ќе се настојува ваквите отворени часови во иднина да станат пракса, велат вработените во ова училиште.
По повод патрониот празник во училиштето „Григор Прличев“ денес за прв пат се одржа отворен час. Родителите, учениците и останатите заинтересирани имаа можност да присуствуваат на овој час и да видат што практично учат нивните деца. Отворен час се одржа по повеќе предмети. Роботиката која е дел од предметот технички науки предизвика голем интерес кај учениците.
Секцијата по роботика постои веќе четири години. Ја посетуваат ученици од шесто до осмо одделение. Тука можат да ја покажат својата креативност. Денес оние од повисоките одделенија им беа ментори на помалите, вели наставничката Цветанка Ристеска.
Овие отворени часови беа реализирани и по други
предмети. По географија тимот вршеше симулација на ерупциија на вулкан, а дечињата од пониските одделенија презентираа свои цртежи или други изработки. Отворен час имаа и во кабинетот по биологија
На денешниот час тимот кој работеше по предметот биологија изврши микроскопирање и издвојување на пластиди во растителни клетки, мереа шеќер во крвта, витален капацитет на белите дробови, крвен притисок, седиментација и издвојување на крвна плазма, кажа наставничката по биологија Зора Ѓоршовска
Ќе се настојува ваквите отворени часови во иднина да станат пракса, велат вработените во ова училиште.
{loadposition content9}