Одложен семестар на студентите од ФТУ
Одложен пролетениот семестар на студентите на ФТУ Охрид. Причина за тоа е дефект на системот за парно греење. Деканот на ФТУ проф. Сашо Коруноски смирува, вели дека интензивно работат на отстранување на дефектот и веќе од петок 14 февруари продолжуваат редовните активности на факултетот.
Дефект во системот за топловодно греење ги одложи предавањата на студентите на ФТУ Охрид до 14 февруари. Деканот на факултетот проф Сашо Коруноски признава дека во неколку наврати овој систем откажувал. Проблемот според него настанал поради претходно несоодветно изведени интервенции врз него, бидејќи овој систем бил заеднички и на факултетот и на средното угостителско училиште.
„Решението беше врз основа на предлозите беше направен технички елаборат за делење на системите и сега се интервенира на тој дел. Тоа е еден пообемен зафат кој што значи неможност за загревање на овие простории во рок од десеттина дена. Одговорно тврдам нафта има се друго е под контрола но неочекуван испад на системот кој што можеше да предизвика посериозни дефекти во системот мораше интервентно да се направат некои поправки“-вели Коруноски.
Студентите се навремено известени нагласува Коруноски. Додава дека деканатската управа веќе изготвува оперативен план за надоместување на она што е изгубено од пролетниот семестар кој што започнува од 1 ви февруари.
„Морам да кажам дека администрацијата работи во просториите каде што тоа е возможно значи каде што има клима уреди а обезбедени се 2 училници со клима уреди за оние активности кои што неможат да се одложат како испити. Уште еднаш мора со жалење да констатирам ова не беше планирано но успеавме во една таква ситуација да ги изменаџираме работите и да ги доведеме на еднао подносливо одложување на активностите“ – нагласи деканот.
Инвестицијата која што е потребна за одделување на топловодниот систем за греење чини 14 000 евра. Овие средства веќе се обезбедни бидејќи како што кажа Коруноски немало време за чекање. Инаку деканот нагласи дека факултетот е осигуран од вакви дефекти и очекуваат надомест на штета од осигурителните компании.
{loadposition content9}