Парламентот на Луксембург ја одобри евтаназијата
Парламентот на Луксембург го изгласа оспоруваниот предлог закон за евтаназија, на кој се спротивставуваше Големиот војвода Анри со поддршка од папата Бенедикт Шеснаесетти и кој ја разбранува јавноста.
| Крсте Голабовски | Свет
Лускембург
Парламентот на Луксембург го изгласа оспоруваниот предлог закон за евтаназија, на кој се спротивставуваше Големиот војвода Анри со поддршка од папата Бенедикт Шеснаесетти и кој ја разбранува јавноста.
По вчерашните петчасовни дебати, пратениците го изгласаа овој предлог закон со 31 глас „за“, против беа 26 и тројца воздржани.
Кога законот ќе стапи на сила, Луксембург ќе биде трета земја-членка на ЕУ по Холандија и Белгија, која ќе ја легализира евтаназијата. Сепак за тоа ќе помине подолго време поради сложената судска ситуација.

{loadposition content9}