ОК ВМРО ДПМНЕ: СДСМ нема факти, на нивна страна се само клеветите и лагите
Секојдневното замајување на јавноста од страна на ОО СДСМ Охрид преку пресови е само типичен пример за нивната заплашеност од делата кои се спроведуваат во Охрид од страна на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески, стои во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција на ОО СДСМ.
Секојдневното замајување на јавноста од страна на ОО СДСМ Охрид преку пресови е само типичен пример за нивната заплашеност од делата кои се спроведуваат во Охрид од страна на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески, стои во реакцијата од ОК на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција на ОО СДСМ.
Излегуваат на прес обвинувајќи за урбанизација при тоа непокажувајќи еден единствен документ кој укажува на урбанизација на Студенчишкото блато. Единствен факт на страната на СДСМ се само клеветите и лагите и модифицираните зборови обвинувајќи ја локалната власт и ВМРО ДПМНЕ. Но ние нема да потклекнеме на ваквите небулози, напротив одиме напред кон реализирање на ветените проекти.
Во врска со Плаошник и извештај од УНЕСКО за урбанизацијата за Плаошник одговорно тврдиме дека до денес нема пристигнато негативно мислење. Изградбите кои се вршат во Плаошник се во согласност со законските процедури со сите потребни одобренија проекти и конзерваторски надзор. Оттаму ова е уште едно неуспешно замајување на јавноста од страна на СДСМ.
Изнесеното на пресот на СДСМ за состојбите во Охридскиот театар од ВМРО ДПМНЕ ја отценуваат како Лажна душегрижност. „Имено Охридскиот театар е ветување кое остварено од страна на ВМРО ДПМНЕ. Тука нема дилеми. И додека СДСМ се грижи за работата на Охридскиот театар да потенцираме дека изминатиот период е период во кој Охридскиот театар изврши нормирање и доекипирање од технички-технолошки аспект додека за проектите кои произлегуваат од Охридскиот театар наскоро ќе бидат сведоци и охридската но и македонската јавност„- се вели во реакцијата од ДПМНЕ.
На ВМРО ДПМНЕ ваквите обвинувања и манипулации од СДСМ им преставуваат само мотив повеќе за што поуспешно реализирање на ветените проекти. Ние нема да се поколебаме во нашите цели кои водат кон еден поубав и посовремен Охрид. Впрочем ние сме избрани од нашите сограѓани бидејќи знаеме што е најдобро за нашиот град.