Skip to main content

Пахор и Санадер подготвени да најдат решение

Словенечкиот премиер Борут Пахор доцна синоќа предложи да се сретне со својот хрватски колега Иво Санадер со цел да бидат деблокирани преговорите за приклучување на Хрватска кон ЕУ во првата половина на 2009 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Slovenija Hrvatska
Словенија Хрватска
Словенечкиот премиер Борут Пахор доцна синоќа предложи да се сретне со својот хрватски колега Иво Санадер со цел да бидат деблокирани преговорите за приклучување на Хрватска кон ЕУ во првата половина на 2009 година.

„Љубљана денеска ќе спротивстави на почетокот на 11 нови глави во преговорите со ЕУ“, изјави Пахор, изразувајќи притоа подготвеност да се сретне со Санадер уште следната седмица за да најдат што е мошно поскоро решение за граничниот спор меѓу двете земји.

Borut PahorТој објасни дека Словенија е резервирана кон седум глави во преговорите за членство, бидејќи според неа документите, претставени од Хрватска, можат да предодредат од каде да минува заедничката граница меѓу двете држави.

Затоа Словенија денеска ќе стави вето на тоа решение, со исклучок на една единствена глава која се однесува на трговиите.

 

 

{loadposition content9}