Skip to main content

Набрзо ќе се распише тендер за изградба на затворен зелен градски пазар

Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека распишувањето на оваа постапка не се коси со правилата кои важат во време на предизборен период.

 |  Јаковлева Лионела  | 
пазар
pazar

Советниците на наредната седница која ќе се одржи во четврток ќе гласаат за изградба на затворен зелен градски пазар со јавно приватно партнерство после што ќе се распише тендер. nikola bakraceskiГрадоначалникот Никола Бакрачески вели дека распишувањето на поваа постапка не се коси со правилата кои важат во време на предизборен период бидејќи процедурата за изградба на градски пазар е започната уште со изработката на физибилити студијата која е одобрена од Владата на РМ.

Бидете уверени дека оваа Локална смоуправа води строго сметка  за запазување на сите законски регулативи во делот на јавните набавки за време на изборниот циклус, рече Градоначалникот Никола Бакрачески.

Бакрачески вели дека според измените во изборниот законик донесени неодамна доколку во планот за јавни набавки е предвидено  објавување на тендер тоа значи дека таквата постапка понатаму може да се спроведува, но ќе побараме и мислење од Антикорупциската комисија околу реализацијата на тендерот, категоричен е Градоначалникот.

{loadposition content9}