Почина полусестрата на Џулија Робертс
Полусестрата на славната глумица Џулија Робертс, 37-годишната Ненси Моутс, била пронајдена мртва во неделата, а најверојатно умрела од предозирање со лекови, објавиле вчера официјални извори.
Полусестрата на славната глумица Џулија Робертс, 37-годишната Ненси Моутс, била пронајдена мртва во неделата, а најверојатно умрела од предозирање со лекови, објавиле вчера официјални извори.
Моутс била пронајдена во када полна со вода во стан во Лос Анџелес во кој не живеела. Во станот биле пронајдени и лекови, па се сомнева на предозирање, но и на можно самоубиство.
За да се утврди точната причина на смртта ќе мора да поминат 8 до 10 недели за токсиколошкиот наод да биде готов, но надлежните за истрагата во Лос Анџелес денеска соопштиле дека полусестрата на оскаровката најверојатно починала од предозираност со лекови, пренесува Ројтерс.
Моутс им е полусестра по мајка на Џулија Робертс и нејзиниот брат, глумецот Ерик Робертс, а глумицата и сестра ѝ не биле во добри односи.
{loadposition content9}