Состојбата со грипот во Охрид, стабилна
Стабилна е состојбата со грипот во Охрид. Во текот на првата недела од 2014 година биле регистрирани 18 заболени од грип, додека пак до изминатата недела бројката се зголемила на 110. Епидемиолозите и инфектолозите велат дека иако бројаката на заболени од грип е во благ пораст, состојбата не е ништо поалармантна во споредба со минатата година нема
Состојбата со грипот во Охрид, стабилна. Од почетокот на сезоната, бројот на заболени од грип е во благ пораст, но, бројките не се разликуваат драстично од истиот период од минатата година. Според информациите од епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, во првите две недели биле регистрирани 18 заболени, третата недела започнала да расте бројката за да стигне до 104 претходната и 110 последнава недела.
Имунизацијата на охриѓани со вакцини против грип и тоа како има влијание врз бројката на заболени. Според Стурлакова досега немало пријавено заболен од грип оној кој што е вакциониран или ако веќе се пријавил кај матичниот, неговата клиничка слика е многу полесна. Таа додава дека најголем број на заболени од грип се од возрасната група од 15 години до 45 години, а исто така напомена дека медицинските инаституции во градов се опремени со потребните лекарства и со обучени тимови за справување со грип.
„За разлика од другите градови каде што матичните лекари се плашат да го препишат тамифлу нашите матични лекари го препишуваат и тоа по препораките на Светска здравствена значи се дава првите 48 часа тогаш има надобар ефект а токму и заради тоа на инфективното одделение имаме помал број на заболени отколку прошлите години, затоа што таа обврска си ја зедоа матичните лекари редовно се снабдуваат со тамифлу од аптеката во Здравствениот дом“-вели Коровешоска.
На инфективното одделение при општа болница Охрид обемот на работа овој период е зголемен, но не повеќе од минатите години во истиот период, информира д-р Лидија Љаткоска началникот на одделението. Љаткоска додава дека капацитетот на одделението е половично исполнет и во моментов 10 пациенти се задржани на интензивна нега со компликации на грип но и други респираторни заболувања, додека пак 36 пациенти примаат дневна терапија.
Докторите апелираат, хронично болните лица, бремените жени и деца до три години ако добијат симптоми на грип, сами да не се лекуваат и веднаш да побраат помош од матичниот лекар. За нив, како што напоменуваат неопходно ќе биде терапијата со „тамифлу“ за да им се помогне. Додека пак пациентите кои не спаѓаат во ризичните групи можат да се лекуваат во домашни услови, но доколку состојбата им се влошува и за три дена не се смирува температурата, имаат тешко дишење, веднаш да се јават на лекар.
{loadposition content9}