Skip to main content

Едно лице ја преживеа авионската несреќа во Алжир

Во падот на воениот авион во Алжир погинаа 77 лица, а едно е тешко повредено, соопшти алжирското Министерство за одбрана за новиот биланс на жртви во оваа вчерашна несреќа.

 |  Голабовски Крсте  | 
Avionska nesreka
авионска несрека

Во падот на воениот авион во Алжир погинаа 77 лица, а едно е тешко повредено, соопшти алжирското Министерство за одбрана за новиот биланс на жртви во оваа вчерашна несреќа.

„Во несреќата погинаа 77 лица, а единственото преживеано лице е тешко повредено и е префрлено во регионална воена болница“, информира министерството. Преживеаното лице се здобило со повреда на главата, се додава во соопштението.

Avionska nesrekaРуските медиуми наведуваат дека меѓу погинатите има многу жени и деца. Според соопштението, погинааа сите 73 патници и четирите члена на екипажот што, потсетуваат француските медиуми, е многу помала бројка жртви отколку што првично беше кажано – 102.

Француските медиуми додаваат дека за сега нема објаснувања зошто се појави толку голема разлика во податоците.  Авион од типот „Ц-130 Херкулес“ летал од воена база во градот Таманрасет, на југ од земјата, за градот Константин, а се урнал заради лоши временски услови на околу 380 километри источно од Алжир, престолнината на истоимената држава, јави алжирското радио.
 
Несреќата се случила во планинска област на провинцијата Ум Ел Буаги (Оум Ел Боуагхи), а, според прелимираните податоци, причината би можела да бидат лошите временски услови – слабата видливост во комбинација со обилните снежни врнежи и силниот  ветар што го зафатиле регионот во последните неколку дена.

Американските медиуми ги пренесуваат изјавите на сведоците  за тоа дека авионот со еден дел удрил во планината, а потоа се урнал и се распаднал на три дела.

Несреќата наводно се случила кога авионот почнал да се спушта кон Константин и кога  ја загубил врската со контролната кула.
Во потрагата и во спасувачката операција учествуваат припадници на војската и на цивилните служби, а околните болници се во  состојба на подготвеност за веднаш да можат да ги згрижат евентуалните преживеани, наведе независниот весник „Ел Ватан“.

{loadposition content9}