Skip to main content

Граѓаните ќе се учат на комунален ред со спроведување на казнени мерки

Комуналните редари отсега ќе работат во две смени. Внимавајте каде го депонирате сметот.

 |  Јаковлева Лионела  | 
Komunalec
комуналец

Комуналните редари ќе работат во две смени. Потребата од оваа нова пракса се наметна поради тоа што дел од граѓаните не го почитуваа редот и динамиката кој го спроведува  ЈП „Комуналец“, вели директорката Елена Скрческа. Таа објаснува дека соработката на „Комуналец“ и општинскиот инспекторат е на завидно ниво и се што се прави е со цел зачувување на животната средина.

Нашите граѓани се плашат од казни и ако упорно не се придржуваат треба да има двосменска работа на комуналните редари така да имаат некој страв дека навистина  ќе ги фати некој инспектор да одложуваат смет онаму каде што не треба, рече Елена Скрческа-директорката на ЈП „Комуналец“.контејнери

Скрческа признава дека отстранувањето на контејнерите на Булевар Туристичка некои граѓани тешко го прифатија. Сеуште оставаат смет на места кои не се предвидени за депонирање, потенцира директорката. Затоа во понеделникот одржале средба со Градоначалникот Никола Бакрачески на која што формирале работна група која направила записник каде треба да се постават контејнерите. Тоа ќе бидат локации каде „Комуналец“ ќе има пристап да го подигне сметот, а на граѓаните ќе им бидат  на дофат. Контејнерите ќе се поставуваат каде што има колективни стамбени згради. Скрческа рече дека покрај на „Туристичка“ проблем со одлагање на сметот на несоодветно место имаат и во стариот дел од градот особено помеѓу Рибниот ресторан и хотел Александрија.

И на овај потег имавме поставено контејнери. Откога ги отстранивме се изнамачивме додека ги навикнавме граѓаните да не депонираат смет на старото место. Дури имавме и едно лице кое беше задолжено за да создаде ред, изјави Скрческа.

Директорката на ЈП „Комуналец“ најави редовно подигање на сметот иако моментално имаат недостиг на возила, но планирано е да го обноват возниот парк со пари кои преку локалната ќе ги добијат  од кредитот од Светска банка.

{loadposition content9}