Градоначалникот поднесе отчет за досега сработеното
Градоначалникот поднесе отчет за досега сработеното
Градоначалникот Никола Бакрачески поднесе отчет за досега сработеното. Оваа точка беше ставена на дневен ред дополнително по предлог на градоначалникот, а на барање на советниците од опозицијата на последната седница. Бакрачески во обемниот отчет за периодот април- декември 2013 година зборуваше час и 25 минути. Се осврна на големата стапка на невработенсот воопштината, на големата превработеност на оппштинската администрација во изминатите 8 години на поранешната локлна власт, на високите долгови на општината и јавните претпријатија. Кажа за досегашните зафати во рекострукција на патишта и улици во гардот и приградскиет населби, изградба на канализација и водовни мрежи, реконструкција на дел од училишните згради и дестки грдаинки. Напомна дека сетоа она што е сработено ќе биде објавено во една брошура која се печати и која ќе биде достапна за граѓаните. Се задржа и на мега проектите кои допрва ќе се реализираат како што се изградбата на ски центарот на Галичица и марината, важни за поголем развој на туризмот.
По завршувањето на отчетот на градоначалникот советниците од опозицијата бараа да се дикутира по неговиот извештај, а позицијата беше против. Градоначалникот пресече и се согласи да се отвори дискусија, па останатите точки од денешниот дневен ред паднаа во сенка.
Советничката од НСДП Верица Хајба во своето излагање кажа дека градоначалникот потрошил многу време на критика на минатото. Праша зошто кога градоначалникот критикува за превработеност има преку 100 нови вработувања во општинската администрација и јавните претпријатија. Побара волонтерите да не се ангажираат во општинската администрација туку да се вклучуваат во бизинис заедницата. Праша и зошто градоначалникот печати брошура и се трошат непотребно пари кога има други начини да се информираат граѓаните за сработеното или се подготвува за изборна кампања.
На дневен ред за денешната седница беше и точката за донесување Одлука за отпочнување постпка за јавно приватно партнерство за изградба на зелен пазар, како и 30 -тина точки од областа на урбанизмот.
{loadposition content9}