Во погон пуштена најголемата соларна електроцентрала
Најголемата соларна електроцентрала во светот беше отворена долж границата меѓу американските сојузни држави Калифорнија и Невада.
Најголемата соларна електроцентрала во светот беше отворена долж границата меѓу американските сојузни држави Калифорнија и Невада.
На церемонијата на отварањето на централата „Ајванпа“ присуствуваше американскиот министер за енергетика Ернест Мониз.Тој истакна дека оваа централа е пример дека САД ќе се претворат во лидер во сончевата енергија во светот.
Мониз нагласи дека „зелените“ енергии отвараат работни места, ја намалуваат емисијата на штетни гасови и поттикнуваат иновации.
Соларната централа се простира на 13 квадратни километри федерална земја во близиа на градот Прим, во сојузната држава Невада.
Комплексот е вреден 2,2 милијарди долари и се состои од три енергетски блока.
Сопственост е на компаниите Ен-Ар-Џи Енерџи, Гугл и Брајтсорс енерџи и може да произведува околу 400 мегавати, што е доволно за да обезбеди 140 илјади домови.
Во комплексот има 350 илјади огледала со голема на врата од гаража. Тие се контролираат со компјутер и ја одразуваат сончевата светлина кон бојлери, поставени на 140-метарски кули.
{loadposition content9}