Skip to main content

Жена во Ф1

Тимот на Заубер објави интересна информација

 |  инфодеск  | 

Симона Де Силвестро е нов член на Заубер и ќе ја врши функцијата како развоен возач во Швајцарскиот тим.

Во соопштениeтo на Заубер, уште се истакнува дека на тој начин Де Силвестро ќе проба да се припреми за наредната сезона да вози во трките за шампионатот на Ф1.

„Целта на Симона е во 2015 година да вози трки во Формула1. Таа е многу талентирана и одлучивме да биде развоен возач во нашата екипа. Ќе ја поддржуваме на нејзиниот пат до врвот на натпреварувањето во авто-мото спортот“, рекла директорката на Заубер Мониша Калтенборн.

Швајцарката, последните четири сезони возела во Индикар серијата, а во октомври го отствари својот најдобар пласман, второ место на трката во Хјустон.

25-годишната Симона оваа година ќе работи тестови и симулатори како би се припремила што подобро за Ф1.

Исто така, Заубер објави дека ќе и помогне да добие суперлиценца за Формула1.

„Ова е голем чекор кон отстварување на мојот сон и среќна сум што имам шанса тоа да го направам во овој голем тим. Заубер е единствен швајцарски тим што ме чини да се чувствувам уште повозбудена“, рекла Де Силвестро.

Де Силвестро со 18 години се преселила во САД за да се натпреварува во Формула BMW америчка серија. Таа во 2010 година ја освои наградата за дебитант на годината на легендарната трка „Indijanopolis500”.