Skip to main content

Конечно задоволна

Младите мажи се минато

 |  инфодеск  | 

Најпознатата “очајна домаќинка” Ева Лонгорија по разводот од кошаркарот Тони Паркер воглавно излегуваше со помлади мажи. Сега, како што кажува, младите мажи не и претставуваат никаков предизвик.

Триесетиосум годишната актерка Ева после разводот со седум години помладиот кошаркар, излегуваше со Марко Санчез, Едуардо Круз и Ернест Аргуело.

Како што кажува сама, тоа го правела за да си докаже себеси а и на својот екс маж дека може да го има било кое момче.

“Сакав себеси и на бившиот сопруг да му покажам дека можам да го имам кого посакам. Помладите мажи секогаш ми биле предизвик”, рекла Ева во неодамнешното интервју.

Меѓутоа кога ги совладала своите предизвици, Ева се смирила и сега е во врска со 45 годишниот милионер Антони Бастон.