Skip to main content

Прва помош во домот

Добро е да се знае

 |  инфодеск  | 

Освен што многумина го сакаат вкусот, во овие зимски денови и уживаат во чајот, камилицата има и многу лековити својства кои е добро да се знаат.

Ако зборуваме за надворешна употреба, на камилицата и се припишуваат лековити својства кога е во прашање кожата, слузокожата, носот и очите.

На изгореници од поблаг облик може да се натопи газа со чај од камилица. Доколку имате проблем со коњуктивитис, секогаш за облог користете свежо припремен чај.

Кога имате болки на грлото, испирајте ја ушната шуплина со камилица, а инхалацијата со камилица ќе ви ги олесни симптомите на настинка и воспалението на синусите.

Камилицата е едно од најзначајните растенија за грижа на кожата и косата. Препорака е секојдневно да ја испирате кожата со чај од камилица, и за брзо ќе приметите промени на телото. Со миењето со камилица на косата се постигнува да биде мека и сјајна.