Жак Вилнев со црни прогнози за иднината на F1
Поранешниот шампион на светот во Формула 1 Жак Вилнев смета дека враќањeто на турбо моторите е многу ризчен потег кога во прашање е иднината на “најбрзиот циркус”.
Поранешниот шампион на светот во Формула 1 Жак Вилнев смета дека враќањeто на турбо моторите е многу ризчен потег кога во прашање е иднината на “најбрзиот циркус”.
Канаѓанецот кој во 1997 година ја осовои титулата, не е заговорник на радикални промени, а за новите правила вели дека се преостри.
“Возачот сега нема улога на одлучување кога e во прашање трошењето на горивото во трката. Мислам дека тоа сега нема никаква смисла. Луѓето сакаат да гледаат некоја поинкава Формула 1, но според мене ова е погрешен потег. Се плашам да кажам дека ова оди кон уништување на овој спорт. Правилата се преостри, ова веќе не е Формула 1”- изјави Вилнев.
Поранешниот ас проговори за првите овосезонски тестирања.
“Времињата во Херез беа нешто подобри од оние кои јас ги поставував пред 17 години. Технологија во овој момент е комплексна и потребно е да помине време за возачите и тимовите да се вклопат”- изјави Канаѓанецот Вилнев.
{loadposition content9}