Италијанско „Џиро“ во Црна Гора
Владата на Црна Гора усвои одлука и земјата ќе се обиде да биде домаќин на воведните три етапи од познатото велосипедско „Џиро д’Италија“ во 2016-та година.
Владата на Црна Гора усвои одлука и земјата ќе се обиде да биде домаќин на воведните три етапи од познатото велосипедско „Џиро д’Италија“ во 2016-та година.
Црногорците веќе имале средби со луѓето од натпреварувањето и заклучено е дека земјата располага со неопходниот потенцијал за сместување и со потребните патишта, пренесуваат медиумите.
„Џиро д’Италија“ е меѓу најпознатите велосипедски натпреварувања во светот, заедно со Тур д Франс и со шпанската Вуелта.
Првиот „Џиро“ е од 1909-та година, досега се одржал 96 пати, а паузирал за време на Светските војни. Надвор од Италија гостувал во Монако, Сан Марино, во Белгија, Ватикан, како и во Франција.
Велосипедистите три недели минуваат низ Алпите, а финишираат во Милано, иако рутата може да биде променета.
{loadposition content9}