Имунизацијата останува законска обврска
Од Министерството за здравство објаснуваат дека вакцинирањето е законска обврска и мора да се исполни.
Од Министерството за здравство објаснуваат дека вакцинирањето е законска обврска и мора да се исполни.
Оттаму веќе се изјаснија и дека не прифаќаат имунизацијата да биде право на избор, т.е. секој родител да одлучува дали и со кои вакцини ќе го заштитува детето.
Вакцинирањето не може да се избегне ако двајцата родители потпишат изјава дека не сакаат да го вакцинираат детето, објаснуваат од Министерството за здравство. Потпишување изјави е „метод“ за избегнување вакцинација што го споделуваат меѓу себе родителите што не сакаат нивното дете да добива вакцини. Меѓутоа, од Министерството објаснуваат дека вакцинирањето е законска обврска и мора да се исполни. Оттаму веќе се изјаснија и дека не прифаќаат имунизацијата да биде право на избор, т.е. секој родител да одлучува дали и со кои вакцини ќе го заштитува детето.
Вакцинацијата – „за“ или „против“ е актуелна тема за многу родители исплашени од наводните предупредувањата на оние што ги водат антивакциналните кампањи, дека вакцините предизвикуваат низа тешки болести, меѓу кои аутизам, рак, алергии, имунолошки заболувања. За многумина не се олеснување смирувањата на дел од лекарите што објаснуваат дека нема докази за штетноста на вакцините, дека тие се безбедни и потребни за заштита на луѓето, а и обезбедуваат колективен имунитет без кој може да умираме од веќе искоренети болести.
Меѓу родителите-противници на вакцинацијата се споделува информација дека со потпишување изјави детето може да не се вакцинира.
Потпишана изјава не те штити за да не го вакцинираш детето, велат од Министерството за здравство. За невакцинација тие му предлагаат на судот прекршочна пријава. А ако судот еднаш те казни, ја платиш казната, а потоа пак не го вакцинираш детето, може повторно и повторно да добиваш пријави и казни.
{loadposition content9}