Skip to main content

Туристичката сезона 2013 успешна за Охрид

 Туристичката  сезона 2013 успешна за Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid
ohrid

Туристичката  сезона 2013 била успешна за охридското стопанство. Податоците од државниот завод за статистика покажуваат дека минатогодишната туристичка сезона била поуспешна во однос на 2012 година. Остварени биле 440.867 ноќевања или  3,3 посто повеќе во однос на 2012 кога биле евидентирани 426.842 ноќевања. Од оваа бројка на домашните туристи отпаѓаат  164.765 ноќевања, а пак странците реализирале 276.102 ноќевања. Кај  домашните гости е забележан пад на ноќевањата во однос на претходната година, додека пак за 13,6 посто бележат пораст  ноќевањата реализирани од странските гости, информира раководителот на Тлер  Ѓоко Апостолов. Додава  дека интересни се податоците за потеклото на туристите по држави. На охридската ривиера лани најбројни биле гостите од Турција.
ohrid
„ Гостите од Полска бележат тренд на зголемување на посета  и ноќевања. Со реализирани 18.603 ноќевања или во просек 2,7 реализирани ноќевања, има раст во однос на 2012 година кога имало 4000 гости. Нивниот број е зголемен за 50 проценти. За 30 проценти е зголемен бројот на турските гости, а кај холанѓаните за 10 посто. Кај гостите од западните земји има тренд на зголемување на реализирани ноќевања, додека кај гостите од Балканските земји  има стапка на опаѓање во изминативе 2-3 години.“

Од Тлер се задоволни и од наплата на туристичката такса. Наплатата на туристичката такса изнесува 17.471.492,оо денари. Од овие средства во општинската каса ќе се слеат 13.977.194,00 денари, укажува Апостолов.

„Во однос на 2012 се бележи пораст од 13,3 посто во однос на наплатата на туристичката такса. Иако генерално зголемувањето на ноќевањата се помали  во однос на наплатата на туристичката такса.   Може да се каже дека Локалната самоуправа презеде добри мерки за сузбивање на престој  на гости во нерегистрирани сместувачки капацитети и успехот е евидентен.“  

За претстојната туристичка сезона 2014, Локалната самоуправа и Тлер преземаат активности Охрид да биде што попривлечна дестинација. Се подобруваат условите за претстојот на гостите   и од  странство и од земјава, нагласува Апостолов. Со низа манифестации и најави за значајни инфраструктурни случувања како што се изградбата на современа марина, ски центар и изградбата на автопатот Кичево – Охрид и Св Наум нашиот град ќе стане уште попривлечна дестинација, најавува Апостолов.

{loadpsition content9}